Потврдена програмата со учесниците за „Скопје колинг 2018“


Фестивалот го отвораат „Axwell & Ingrosso“ на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат „Мorcheeba“, а истата вечер  е и големата француска атракција „Nouvelle Vague“, која ќе настапи заедно со „Morcheeba“ истата вечер, соопшти организаторот  „Авалон продукција“.

На 23 јуни е вечерта резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- „Теxas“, а за прв пат на голем  концерт на отворено во Скопје ќе можете да го видите и хрватскиот музичар Дарко Рундек со неговиот бенд.

Фестивалот се затвора со последната голема ѕвезда на електронската музика, Алан Волкер, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл.

Сите оние што имаат купено влезници за Волкер за 2 јуни, истите ќе им важат и за новиот датум- 24 јуни.