Полскиот поет Адам Загајевски е добитник на „Златниот венец“ на СВП


Едно од најпознатите поетски имиња од Полска, Адан Загајевски е добитник на Златен венец на 57. Струшки вечери на поезијата, соопшти Дирекцијата на СВП денеска на прес конфренција.

– Адам Загајевски е веројатно најпознатото име во светот на поезијата од Полска заедно со она на Часлав Милош, преведуван и објавуван на повеќе јазици и во значајни литературни списанија. Светот на неговата поезија неизбежно се врзува и со некои наши општествени дилеми, особено со присутноста на минатото во сегашноста и емотивните состојби на личноста во свет кој е меѓу реалноста и сонит, рече министерот за култура Роберт Алаѓозовски.