Полицијата приведе 20 лица за тепачката во Ченто


МВР соопшти дека 20 лица се приведени во врска со вчерашната тепачка меѓу две групи малолетници на автобуската постојка на улицата „Алија Авдовиќ“ во скопската населба Ченто.

Како што се наведува во полицискиот билтен, околу 19.35 часот во Единицата за информации и команда Скопје, возач во Јавното сообраќајно претпријатие Скопје пријавил дека на ул. „Алија Авдовиќ“ имало тепачка помеѓу две групи малолетници. Притоа, едната група го каменувала автобусот со број 65-б при што биле искршени четири стакла од вториот кат на автобусот. Еден камен го пробил стаклото и удрил 15-годишник од с.Стајковци, скопско.

Во врска со настанот, во полициската станица Гази Баба се приведени 20 лица од двете групи, а се уште се работи на целосно расчистување на случајот.