Полицијата во Белград им делеше цвеќе на жените возачи
Во чест на Меѓународниот ден на жената, сообраќајци во Белград денеска запирале жени, но место казна им подарувале по еден цвет, јави Радио Б92.
– Секоја чест на нашата полиција и благодарност до момците кои се грижат за нашата безбедност, изјави една од возачките.
Министерството за внатрешни работи на Србија информираше дека целта на денешната акција била да им оддадат почит на жените и да ја приближат работата на полицијата до граѓаните.