Политиката се замеша во модата: Костумите за капење со Трамп и Хилари се хит на Интернет
САД– Костимите за капење не се само за парадирање на плажа. Тие летово се и ултимативно модно парче кое навлегува и на теренот на високата политика и предизвикува смеа и восхитување.
Костими за капење со фаци на политичари и членови на кралски семејства се хит на Интернет. Трамп, Путин, Хилари, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, принцот Вилијам и Кејт, принцот Хари и Меган и кралицата Елизабета Втора се меѓу најпродаваните. Цената се движи од 50 до 60 долари за парче.