Полански: Движењето „И јас“ е колективна хистерија
САД- Режисерот Роман Полански изјави дека движењето „И јас“ (Metoo), кое започна со расветлување и борба против сексуалното злоставување од страна на моќните мажи во Холивуд е „колективна хистерија“ и „целосно лицемерие“.
Полански ова го изјави за полското издание на „Њузвик“, во интервју кое го даде само неколку дена откако беше исфрлен од американската Филмска академија по 50-годишно членство, заедно со комичарот Бил Козби, и тоа за случај од 1977 година во кој се изјасни виновен за сексуален однос со малолетничка.
Според него, луѓето кои го поддржуваат ова движење го прават тоа воглавно од страв и го спореди со севернокорејските лидери за кои наведува дека се толку интензивни „што не можеш да престанеш да се смееш“.