Познатите служат: Елена, Дани и Весна Бејби ќе бидат келнерки во хумани цели


Поп-пејачките Елена Ристеска, Дани Димитровска и актерката Весна Бејби, ќе бидат во улога на келнерки во скопскиот кафе-ресторан „Еквилибриум“ во хумани цели. Настанот „Познатите служат“ ќе се одржува вечерва, а 20 проценти од приходот на ресторанот, ќе се донира во Домот за деца со посебни потреби.

Келнери во хумани цели, ќе бидат и Билјана Петровска, Горан Наумовски од „Аренси бенд“, водителката Анкица Стојановска како и Лена и Бојан Моротови. Познатите келнери ќе треба да соберат и добар бакшиш, кој исто така ќе се донира во детскиот дом.