Повреден мотоциклист откако во него удри автомобил


Мотоциклист е повреден вчера кога во него удрило возило на крстосницата од улицата „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров.

– Во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило „Рено 5“ со скопски регистерски ознаки управувано од Р.Л .(62) и мотоцикл „Кавасаки” исто така со скопски регистерски ознаки, управуван од Б.Т.(22) и двајцата од Скопје, соопшти МВР.

По незгодата со возило на Итна медицинска помош Б.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид на местото на настанот.