Плати со поезија на 21-ви март на осум локации во Скопје


Во свет каде технологијата и интернетот го преземаат секој аспект од животите на луѓето сите се прашуваат како да ги освојат моментите кои се надвор од екранот.
Овогодинешната акција „Плати со поезија“ на Јулиус Мајнл го има одговорот. Време е на 21-ви март сите да ги остават телефоните, да си дозволат да се инспирираат од кафето и да го платат со поезија.
Кампањата оваа година се одржува во над 40 држави од целиот свет и во Скопје секој ќе може да си го плати кафето со стих и поезија во Ревија, Паладиум, Фонтана, Дион, Центар бар, Бекјард, Ла кафе и Сквер 21. Таму тие ќе се сретнат со Драгана Ефтимова, Наим Иљази, Стефан Марковски, Ксенија Николова, Љубица Шопова, Ирена Јурчева, Искра Донева, Јован Илиески, Слаѓана Атанасова, Исток Улчар, Наталија Наумовска, Перо Сарџоски, Арлинда Бафтиу, Катерина Гогова, Виолета Сековска, Славица Гаџова Свидерска, Михајло Свидерски и Никодин Чернодримски кои како поети и писатели од Македонија ќе им помогнат да ја пронајдат внатрешната инспирација заедно со Јулиус Мајнл.
За разлика од минатите години, оваа година, сите кои ќе напишат песна или поема влегуваат во меѓународната наградна игра на Јулиус Мајнл преку која само шест лица од цел свет ќе може да се запознаат со Том Одел на неговиот концерт во Глазгов на 1-ви јуни 2019 година. Сѐ што треба да се направи е да се напише поемата или песната, да се сликне и да се постира на Инстаграм со хаштагот #PayWithaPoem.