Питер Фонда му се извини на Трамп за невредлив твитер
САД– Американскиот глумец Питер Фонда (78) му се извини на семејството Трамп поради навредлива објава на Твитер во која рече дека 12-годишниот Барон Трамп, син на Меланија и Доналд Трамп, „треба да се стави во кафез со педофили”.
Двojниoт потенцијален oскаровец, инаку брат на Џејн Фонда и син на холивудската легенда Хенри Фонда, во соопштението наведува дека тоа го сторил оти бил вознемирен поради одвојувањето на деца од родителите на границата меѓу САД и Мексико.
– Објавив нешто многу непримерено и вулгарно за претседателот и неговото семејство, како одговор на разорувачката слика која ја видов на телевизија. Како и многу други Американци, трогнат сум и потиштен од ситуацијата со децата кои се одвојуваат од своите семејства на
границата, но отидов предалеку. Тоа беше погрешно и не требаше да го сторам. Веднаш зажалив и искрено им се извинувам на Трампови за каква било непријатност која моите зборови можеле да ја предизвикаат, вели Фонда во соопштенето.
Најмалку 2.000 деца имигранти се оттргнати од своите родители кои нелегално ја минуваат границата, откако во април американските власти почнаа да применуваат нов, построг начин на борба против нелегалната имиграција.
Трамп, меѓутоа, вчера потпиша извршна уредба со која на имигрантските семејства им се овозможува да останат заедно дури чекаат на исходот од имиграциската постапка.