„Пипл“ ја избра Пинк за најубава жена на светот
САД- Списанието “Пипл” оваа година, помеѓу бројните славни убавици, за најубава жена на светот ја прогласи пејачката Пинк.
Лани, со оваа титула се закити Џулија Робертс, а оваа година на насловната страница се најде Пинк со своите две деца – петгодишната Вилоу Сејџ и едногодишниот син Џејмс Мун.
Во интервјуто кај Елен Деџенерис, пејачката открила како се чувствувала по добивање на оваа ласкава титула.
“Умирав од смеа. Веднаш им се обратив на сите кои беа со мене во просторијата и ги прашав дали некогаш помислиле дека може да биде подобро од ова”, раскажала Пинк.