Петтото издание на Code App Level Up


После четири успешни изданија, EESTEC LC Skopje го најавува и петтото издание на Code App Level Up, кое ќе трае од 15 април до 21 април под темата Startup Edition powered by Vip.

Овогодинешниот натпревар на Code App Level Up: Startup Edition powered by Vip кој ќе започне на 15 април и ќе трае до 21 април е совршена можност да се едуцираат и насочат младите кон правилна имплементација на своите ИТ идеи, да се поттикне претприемачкиот развој. Дел од настанот ќе бидат предавачи и ментори кои зад себе имаат успешни стартап проекти и кои своето искуство ќе им го пренесат на учесниците.

Тимовите во текот на целиот натпревар ќе работат со своите ментори од кои ќе добијат насоки и совети како да ја имплементираат својата идеја.

Покрај тоа што овој натпревар е одлична шанса да се дознае нешто повеќе за разивање на стартап бизнис, учесниците ќе се стакнат со нови знања и искуства

во полето на програмирање, дизајн и претприемништво.

Натпреварот официјално ќе биде најавен во сабота, 16 март на Vip Startup Academy во зградата на Вип, каде учесниците детално ќе се информираат за

процесот на аплицирање.

Учество на настанот е целосно бесплатно, а сите заинтересирани може да аплицираат на следниот линк до 25 март

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf3jbKXFh7mXiG3u_evXSYppM6u2CJI66YwhZM7a0pRNbKXHw/viewform