Петмина кандидати во трка за градоначалничката функција во Охрид


Петмина кандидати поднеле кандидатури за градоначалничката функција во Охрид на предвремените избори што ќе се одржат на 21 април.

Тоа се Михаил Трендафилов – Нанче од партијата Граѓанско-демократска унија, Митре Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, Константин Георгиески од СДСМ, Стевче Стевоски како кандидат на политичката партија Демократи и Џемал Мена од движењето „Беса“.

Изборите за градоначалчничката функција беа распишани поради ненадејната смрт на градоначалникот на Oхрид Јован Стојаноски, кој почина на 15 декември минатата година.