Пентагон ги приземји сите ловци Ф-35


САД– Американското Министерство за одбрана донесе одлука за приземјување на сите ловци „Локид Мартин Ф-35“, поради уривањето на еден борбен авион од овој тип минатиот месец.

Со оваа одлука времено се одложени и сите борбени мисии на авионите Ф-35 во Авганистан.

Решението е донесено откако е утврдено дека причина за уривањето на леталото минатиот месец е проблем со цевката за довод на гориво.

За време на призмејувањето на ловците ќе биде извршена проверка на сите летала, со цел да се утврди дали истиот проблем постои и кај некои други авиони.

Извори во Пентагон соопштија дека се очекува проверките да траат најмногу два дена.