Пауло Коелјо објави нов роман „Хипи“


Миленикот на читателската публика, бразилскиот автор Пауло Коелјо (71) го издаде 20.роман „Хипи“. Коелјо е најчитаниот и најпреведуваниот писател во светот, со над 225 милиони продадени книги, преведен на 80 јазици и објавен во 170 земји.

Првиот потпишан примерок од романот го доби неговиот пријател, боливудската ѕвезда Шак Рух Кан.

Во својот најавтобиографски роман досега, авторот ни раскажува за едно непознато поглавје од својот извонреден живот и го споделува со нас сонот на хипи генерацијата за послободен и помирен свет. Коелјо нè води на едно неверојатно патување со Волшебниот автобус, од Амстердам, преку Истанбул, Кабул, Делхи до Катманду, навраќајќи се на своето духовно патување и повторно оживувајќи ги спомените на тие интензивни времиња.