Патнички авион принудно слетал поради заложничка драма
Патнички авион на кинеската авиокомпанија Ер Чајна денеска морал принудно да слета откако човек грабнал стујардеса како заложничка користејќи остар предмет.
Пилотот го приземјил авионот во градот Женжу, каде патниците и екипажот безбедно се симнале. Безбедносните сили интервенирале и немало повредени во инцидентот.
Авионот полетал од градот Чангша во областа Хунан и требало да слета во главниот град Пекинг.