Парламентот в среда ќе одлучува за законите што ги врати Иванов


Парламентот на седница в среда ќе одлучува за дел од законите што претседателот Ѓорге Иванов ги врати без негов потпис, со образложение дека дал заклетва дека ќе ги брани интересите на Република Македонија. На дневниот ред на 94. седница досега се 27 закони, од кои повеќето добија вето од шефот на државата, така што сега за нив треба да се обезбедат по 61 глас.
Меѓу точките на дневен ред се ратификацијата на договор меѓу Македонија и Романија за соработка во областа на културата и образованието, измените во Законот за ОТА, дополнувањата во Законот за служба во АРМ, Законот за енергетика…
Иванов врати и три реформски закони од областа на правосудството што беа донесени со двотретинско мнозинство, но спикерот Талат Џафери соопшти дека тие ќе се сметаат за донесени и нема да одат на прегласување.