Папата бара помош од католиците во борбата против ѓаволот
Ѓаволот е жив и зрав и работи прекувремено за да ја поткопа Католичката црква. Тоа го нагласи папата Франциско кој повикува поради тоа, на посебна молитва на католиците во светот во октомври за да биде победен.
– Црквата треба да биде спасена од нападите на нечистиот, голем обвинител, и во исто време да биде свесна за својата вина, грешки и злоставување во сегашноста и минатото, напиша Папата во порака од 29 септември.
Откако стана папа во 2013 година Франциско дава до знаење дека верува во постоење на ѓаволот. Во документ од април за свесноста во модерниот свет го споменува повеќе од 10 пати.
Не смееме да мислиме за ѓаволот како за мит, приказ, симбол, сликовито изразување или идеја. Таа погрешка предизвика помалку внимателност, безгрижност и поголема ранливост, пишува во тој документот.
Изразот што го употребува Франциско – големиот обвинител – во опишување на сатаната, разлути еден од неговите најголеми критичари, надбискупот Карл Мариа Виган, поранешен претставник на Светата столица во Вашингтон.