„Панфиз 2018“ со четири претстави во јули
Интернационалниот фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз 2018“ годинава ќе се одржува во два дела – од 7-ми до 9 јули и на 30 септември.
Програмата на 11. „Панфиз“ ќе се одвива на малата сцена на Македонскиот народен театар. Влезот за претставите е бесплатен, а билетите може да се резервираат на билетарницата во МНТ од 15-ти јуни.
– Во првиот дел од фестивалот публиката ќе може да погледне четири претстави од четири различни театарски жанрови: куклен, ритуален, класична пантомима и буто. На фестивалот ќе учествуваат артисти од Грција, Бугарија и Србија, соопшти „Панфиз“.
Фестивалот ќе почне на 7 јули во 20 часот со претставата „Снешкото што не сакаше да се истопи“ на Визуелен куклен театар „Празеин Алога“ од Грција и настап на Емануела Капокаки.
На 8 јули ќе има две претстави на уметници од Бугарија – гостуваат „Симург“ со Александар Илиев (20 часот) и „Кругот на животот“ на Филип Дончев (21.30 часот), а на 9 јули – „Мандрагора“ на Марко Нектан од Србија. На 7-ми и 8 јули ќе биде одржана и буто-работилница под водство на буто-артистот Марко Нектан од Србија.
Вториот дел на „Панфиз“ ќе се одржи на 30 септември, кога е најавено гостување на финската атракција „Мимо Арт“ од Хелсинки со претставата „Body Notes“.