Пазарот на недвижности може да генерира нова криза во Европа


Пазарот на недвижности може да предизвика нова криза во Европа, изјави супервизорката на Европската централна банка (ЕЦБ), Даниел Нуј. Таа, сепак, додаде дека банките сега се подобро подготвени за криза отколку што беа пред десет години.

– Што би можело да предизвика нова криза? Не знам, но претпоставувам дека тоа би можело да биде пазарот на недвижности, изјави Нуј, додавајќи дека сигурно знаеме дека ќе има нова криза, но не знаеме кога и каде.

Со каматните стапки на рекордно ниско ниво, цените на имотите на многу популарни дестинации драматично се зголемија. Во исто време, некои политичари предупредуваат дека благата монетарна политика создава опасност од силно зголемување на цените на пазарите на недвижности, што може да доведе до нова криза.

– Се уште немаме систем за осигурување на депозити на ниво на ЕУ, потсети Нуј.