Павлевски за Независен: И еден ден затвор за Бобан е многу


Адвокатот на обвинетиот Бобан Илиќ, кој денеска во кумановскиот суд беше осуден на шест годишна затворска казна поради смрта на малиот Алмир Алиу, е незадоволен од пресудата и најавува жалба. Во изјавата за „Независен весник“, Стефан Павлевски вели дека не станува збор дали е казната доволно висока или ниска, туку зошто воопшто Илиќ е прогласен за виновен.

“За врме на судскиот процес, беше докажено дека делото е сторено во нужда, или крај на нужда. Поради тоа, сметаме дека пресудата не е соодветна и најавуваме жалба до Апелациониот суд. Напротив беше докажено дека вината е во таткото на Алмир и во неговите пријатели”, вели Павлевски за „Независен весник“.

(Г.А)