Охрид прогласен за претстoлнина на светскиот хуманизам
Светската организација за социјална интеграција на своето ревијално интернет издание објави ексклузивна презентација на Охрид и Македонија како светска престолнина на хуманизмот, во чест на Св. Климент Охридски кој како ученик на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, заштитници на Европа, ја формирал првата средновековна европска школа на хуманизмот.
Претседателот на Светската организација за социјална интеграција, Фредерик Фапани фон Лотринген, како претставник на фондацијата „Ротшилд“ за време на Богојавленските празници ќе биде во Охрид, за на 18. овој месец да присуствува на доделувањето на годинашната Светска награда за хуманизам на лауреатот Жан Патрик Конрад, професор на Империјал колеџ од Лондон и претседател на Европската академија на науките уметностите и книжевностите.
Церемонијата на свеченото доделување на наградата за хуманизам е предвидено да се одржи на 18 јануари во Куќата на Уранија на МАНУ во Охрид. Наградата се доделува по дванаесетти пат, на видни личности и легендерни имиња на светската култура како што се нобеловците Александр Солжењицин (Русија), Херта Милер (Германија), кон кои се приклучуваат и Рави Шанкар (Индија), Мануел Де Оливеира (Португалија), Питер Брук (Велика Британија)…
Инаку, лауреатот на Светската награда за хуманизам од Бугарија, академик Светлин Русев, изработи скулптура инспирирана од ликот на Св. Климент Охридски, со предлог таа да биде поставена на локацијата кај Долна Порта како спомен обележје со кое Охрид ќе биде прогласен за центар на светскиот хуманизам.