„Охрид колинг“: Вечер за диџеј Армин ван Бјурен се очекуваат 15 илјади посетители


За настапот на диџеј Армин ван Бјурен, вечер, на завршницата од „Охрид колинг“, во организација на „Авалон продукција“ во Охрид се очекуваат 15 илјади посетители колку што досега сме ја виделе единствено на настапите на Лени Кравиц и Дејвид Гета.

Изминативе два дена, на фестивалот настапија светските диџеи Димитри Вегас и Лајк Мајк, Роџер Санчез и Салваторе Ганачи, на местото на Џекс Џонс кој не се појави во охрид заради поатрактивна тезга-радиско шоу на Ибица.