Оскаровката Кејт Бланшет го обвини Вајнстин за сексуално вознемирување


САД– Оскаровката Кејт Бланшет за „Варајати“ откри дека била сексуално вознемирувана од Харви Вајнстин. Вајнстин, некогаш еден од најмоќните холивудски продуценти, досега за сексуално вознемирување, злоставување и силување го обвинија повеќе од 80 жени.

Тој се наоѓа во клиника во Аризона каде се лечи и очекува Холивуд да му прости.

Бланшет која глумела во повеќе филмски хитови продуцирани од Вајнстин, вклучувајќи ги и „The Talented Mr. Ripley“, „The Aviator“, и „Carol“ не откри повеќе детали за вознемирувањето, Австралиската актерка е актуелна како претседателка на жирито на Филмскиот фестивал во Кан кој почнува од 8 мај и ќе трае до 19 мај.

Вајнстин кој во меѓувреме прогласи банкрот, негира дека со која било жена имал сексуални односи без таа тоа да го прифати.