Оскари 2018 : „Обликот на водата“ со 13 номинации


Меѓу фаворитите „Обликот на водата“ во режија на Гиљермо дел Торо и „Три билборди надвор од Ебинг, Мизури“ на Мартин Макдонаг, се приклучи и „Данкирк“ на Кристофер Нолан.

Најмногу номинации доби филмот на дел Торо, кој е номиниран во 13 категории меѓу нив за најдобар филм, најдобар режисер и најдобро оригинално сценарио.

Во трката за наградата за најдобар филм зад „Обликот на водата“ се и „Три билборди надвор од Ебинг, Мисури“ на Мартин Макдонаг, „Најмрачниот час“ на Џо Рајт, „Викај ме со твоето име“, „Данкирк“, „Бегај“, „Лејди Брд“, „Фантомска нишка“ и „Пост: Досие Пентагон“ на режисерот Стивен Спилберг.

За најдобра режија, пак, покрај Гиљермо дел Торо, номинирани се Кристофер Нолан (Данкирк), Џордан Пил (Бегај), Грета Гервинг (Лејди Брд), Пол Томас Андерсон (Фантомска нишка).

За „оскарот“ за најдобра актерка ќе се натпреваруваат Сели Хокинс (Обликот на водата), Френсис Мекдорманд (Три билборди пред Ебинг, Мисури), Марго Роби (Јас, Тоња), Сурша Ронан (Лејди Брд) и Мерил Стрип (Пост: Досие Пентагон).

За најдобар актер, пак, номинирани се Тимоти Шаламеј (Викај ме со твоето име), Даниел Деј Луис (Фантомска нишка), Даниел Калуја (Бегај), Гери Олдман (Најмрачниот час) и Дензел Вашинготн (Адвокатот Роман Израел).

Доделување на наградите ќе се одржи на 4 март 2018 година.

Најдобра актерка во споредна улога:
Мери Џи. Блајџ, „Мадбаунд“
Алисон Џени, „Јас, Тоња“
Лори Меткалф, „Лејди Брд“
Октавија Спенсер, „Обликот на водата“
Лесли Манвил, „Фантомска нишка“

Најдобар актер во споредна улога:
Вилијам Дафо, „Проектот Флорида“
Арми Хамер, „Викај ме со твоето име“
Ричард Џенкинс, „Обликот на водата“
Кристофер Пламер, „Сите пари на светот“
Сем Роквел, „Три билборди пред Ебинг, Мисури“

Адаптирано сценарио:
„Викај ме со твоето име“
„Дизастер артист“
„Логан“
„Играта на Моли“
„Мадбаунд“

Оригинално сценарио:
„Биг сик“
„Бегај“
„Лејди Брд“
„Обликот на водата“
„Три билборди пред Ебинг, Мисури“

Најдобар анимиран филм:
„Коко“
„Бејби бос“
„Фердинанд“
„Со љубов, Винсент“
„Хранителка“

Странски филм:
„Без љубов“
„Фантастична жена“
„Квадратот“
„Навреда“
„На душа и на тело“

Најдобри визуелни ефекти:
„Војна за Планетата на мајмуните“
„Блејд ранер 2049“
„Војна на ѕвездите: Последниот џедај“
„Чувари на галаксијата 2“
„Конг: Островот на черепите“