Општина Берово инкасирала половина милион денари од туристичка такса


Општина Берово од наплатата на туристичката такса во 2017 инкасирала 500 илјади денари за евидентирани 12.500 домашни и странски туристи.

Тања Муртовска од Одделението за финансии во општината истакна дека сите обврзници за плаќање на оваа такса досега не ги подмириле своите обврски кон општината, така што согласно со информациите од инспекторатот изготвени се решенија за наплатата на засотанатиот долг.

– Вообичаено бројката на средства инкасирани од туристичката такса на годишно ниво се повисоки од над половина милион денари. Турстичката такса изнесува по 40 денари по лице. Јас апелирам до сите обврзници навреме да си ги подмируваат обврските кон општината, бидејќи плаќањето на овие средства отвора можност тие пари општината да ги инвестира во решавањето одредени комунални проблеми кои ќе го подигнат квалитетот на услугите во туризмот во Берово, истакна Муртовска.

Последниве години откако Берово се промовираше како атрактивна туристичка дестинација се зголемуваа повеќекратно приходите по оваа основа во Општината. Во 2016 година од турситичката такса Берово инкасирало 650 илјади денари, а во 2015 година инкасирани во буџетот се 600 илјади денари.