Омбудсманот со повеќе овластувања кај полициските истраги


Владата не вчерашната седница го усвои предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител. Со измените предвидено е создавање посебно надворешно дело, како дополнителен коректив на системот на истрага при кривични дела извршени од страна на овластени службени лица при Министерството за внатрешни работи и припадници на затворската полиција.