Оливер Драгоевиќ: Сакам да продолжам да живеам


Сплитската музичка легенда Оливер Драгоевиќ вчера ја прими наградата за животно дело на хрватскиот „Порин“. Музичарот, кој се бори со тешка болест, посака да продолжи неговото патување низ животот.

„Би сакал да го споменам човекот што обележа половина мој живот, а е тоа е Зденко Руњиќ. Многу добри луѓе се створија околу мене, но болеста овојпат е посилна и не можам да бидам со вас. Како дете сакав да свирам и да пеам, но тој сон сега се прекина. Сепак, ми се чини дека се уште има време за играње и за пеење ако работите се подобрат. Зад мене стои целата фамилија, сите се трудат да ми биде подобро, особено Одделот за онкологија во Сплит. Сакам да продолжи ова мое патување низ животот“, рече Драгоевиќ.