Од 1 јули за секоја фискална сметка 15 проценти повраток на ДДВ за секој граѓанин


Зоран Заев на профилот на Фејсбук го повтори она што го објави вчера на трибина за економија во Велес дека од 1 јули за секоја фискална сметка 15% повраток на ДДВ за секој граѓанин.

“Од 1 јули го стартуваме концептот повраток на ДДВ, односно од секоја издадена фискална сметка секој граѓанин ќе има 15% повраток на средствата.

Проекцијата е дека најмалку 150 милиони евра годишно ќе се вратат назад кај граѓаните. Ова е само почеток на економските мерки, не застануваме тука. Ги враќаме парите назад кај граѓаните.” – изјави премиерот Заев на трибината во Велес.