Од вторник потопло, во среда и петок локален дожд
Променливо облачно време со локален дожд, особено во јужните и источните делови, најавува УХМР за утре.
Како што е наведено во соопштението, Македонија ќе биде под периферно влијание на циклонската активност над Медитеранот.
Од вторник времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Повеќе услови за локален дожд ќе има во среда и петок.