Од вечерва значително намалување на цените на горивата


Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за четири денари, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 3,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 63 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 65 денари.

Литар ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 61 денар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 49,5 денари.

За 3,307 денари по килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и килограм од тој енергент ќе се продава по 31,826 денари.

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање
на цените се намалуваат во просек за 6,53 проценти.

РКЕ ја донесе одлуката врз основа на движењето на просечната цена на суровата нафта на светските пазари и курсот на денарот во однос на доларот.