Одложен стартот на официјалната Ф1 онлајн телевизија


Формула 1 ќе го одложи почетокот на новата онлајн Ф1 телевизија. Првично беше објавено дека интернет услугата ќе биде достапна за првата трка од новата сезона што почнува претстојниот викенд во Австралија.

„Ќе направиме стрес тест за време на овој викенд во Мелбурн. Целта ни е да сме подготвени што е можно поскоро. Ова е нормален процес кога се започнува нов проект, а тестот нема да биде јавен туку само внатрешен. Имаме луѓе во различни делови на светот кои ќе го тестираат системот и неговите функции“, изјави неименуван извор за „Аутоспорт“.

Запрашан за евентуалниот датум на официјален старт, изворот одговара дека нема краен рок, но идејата е сето тоа да се случи што е можно поскоро.

Ф1 ТВ ќе се шири низ целиот свет, но само во оние земји во кои правата за дигитално емитување на трките од Формула 1 не се однесуваат на сопственикот на телевизиските права.