Одбиено барањето за изземање на обвинителите на СЈО во „Тенк“
Обвинителот на СЈО Стевчо Донев на попладневното продолжение на рочиштето за предметот „Тенк“ до судот достави известување од специјалната обвинителка Катица Јанева дека нема законска основа за барањето на одбраната за изземање за него и за обвинителката Ленче Ристовска.
Донев рече дека барањето на адвокатите за изземање на обвинителите е со цел да се одложува јавната расправа и предложи судењето да продолжи бидејќи не постојат никакви пречки за тоа.
Судијката Добрила Кацарска повторно даде пауза за да може одбраната да ги разгледа поднесоците од СЈО.
На денешното рочиште присуствуваат обвинетите Никола Груевски и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Во „Тенк“ е обвинета и поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, но постапката за неа е издвоена поради „ризична бременост“.
Тројцата се обвинети за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра.