Ограбени две обложувалници и пошта


Повеќе од 150.000 денари се украдени во разбојнички напад во спортска обложувалница „Спорт лаф“ на улицата „Маџари“ во Скопје. Според полицијата, грабежот се случил во саботата околу 22 часот кога во објектот влегле две маскирани и вооружени лице и под закана кон вработените ги одзеле парите од касата. Утрово, во 9.10 часот била ограбена подружница на „Спорт лајф“ во Гостивар, каде непознат сторител го одзел дневниот промет и побегнал. Ноќта спроти саботата, пак, ограбена била поштата во гевгелиското село Стојаково. Непознатите сторители ја отвориле влезната врата и со погоден алат ги отвориле вратите од металниот сеф, во кој имало 195.470 денари“, соопшти МВР.