Обвинителството отвори истрага за смртта на родилката во „Санте плус“
Основното јавно обвинителство отвори истрага за смртта на родилката во приватната здравствена установа „Санте плус“ во Скопје Од таму велат дека вчера добиле известување за настанот од скопската полиција, по што наредено е за прибирање на потребната документација и податоци.
„По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија ќе биде донесена јавно обвинителска одлука“, соопшти ОЈО.
Немилиот настан се случи минатата недела, по што државните институции соопштија дека донеле одлука за затворање на приватната болница, но во пракса никогаш не заживеаја. Од болницата негираа вина, па многу прашања во јавноста останаа неодговорени.