Обвинителството отвори истрага за „Дрисла“
Од Основното јавно обвинителство- Скопје информираат дека по допрен глас е отворен предмет за работењето во депонијата „Дрисла“-Скопје за кривично дело Загадување на животната средина и природата од чл.218 од Кривичниот законик.
„Во насока на утврдување на фактите, надлежниот јавен обвинител испрати барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за добивање потребни податоци во врска со досегашна извршена контрола над работењето на депонијата ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО, како и доколку е извршена контрола дали е констатирано почитување на протоколите за согорување на медицински отпад од страна на депонијата и други информации“, соопштија од Обвинителството.
Соопштението е објавено на интернет страницата на Обвинителството.