Обвинетиот Дурловски за тероризам ќе пее на Мајски оперски вечери


Оперскиот пејач Игор Дурловски, кој е обвинет за тероризам за случувањата на 27 април во Собранието, односно на крвавиот четврток најавува дека повторно се враќа на сцената во МОБ.

Според објавата на неговиот Фејсбук профил тој на 19 мај ќе настапи на Мајските оперски вечери. Дурловски ќе биде во улогата на Тимур во операта „Турандот“.

Тој беше еден од организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, а е и еден од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за 27 април. Пејачот помина и околу четири месеци во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.