Заради нарушување на приватност: Клиф Ричард доби случај против „Би-Би-Си“


Англија– Британскиот музичар Клиф Ричард ја доби тужбата против „Би-Би-Си“  (BBC) заради нарушување на приватноста за време на следењето на полициската рација во неговиот дом и ќе добие отштета од 210.000 фунти.

Ричард (77) ја тужеше медиумската куќа заради следењето на рацијата во 2014 година, кога полицијата ги истражувала неговите наводни сексуални престапи.

Познатиот музичар не беше уапсен, ниту, пак, обвинет за било што. Во вели Британија важи презумпцијата на невиност пред подигнувањето на обвинение.

Во тужбата е наведено дека репутацијата на Ричард претрпела „длабока“ штета.

„Би-Би-Си“ ги оспоруваше неговите наводи, а уредниците тврдеа дека било известувано со добра намера.

Ричард наведува дека искусил „чувство на паника и беспомошност“ кога видел дека „Би-Би-Си“ известува од хеликоптер над неговата куќа.