Норвежанката Хегерберг стана сопственик на првата „Златна топка“ за жени
Весникот „Франс Фудбал“ одлучи од оваа година покрај мажите и жените да учествуваат во изборот за најдобри во годината што изминува.
Освен женската „Златна топка“ организаторот оваа година го воведе и Копа Трофи – награда намената за најдобар млад фудбалер на годината (за играчи до 21 година). Прв сопственик на овој трофеј е напаѓачот на ПСЖ и францускиот национален тим Килијан Мбапе.
„Златната топка“ во машка конкуренција ја освои Лука Модриќ.