Нов портрет на Елизабета Втора: Отмена, во зелена кадифена церемонијална пелерина
Англија- Отмена е кралицата Елизабета Втора (92) на новиот портрет на уметницата Ники Филипс. Облечена е во кадифена церемонијална пелерина во зелена боја, со орден како брош, од највисог ранг во Шкотска.
Портретот ќе ја краси кралската трпезарија во Холирод Хаус, во Единбург, Шкотска.
Ова е трет портрет на Филипс за кралицата. Во 2010 година таа ги изработи и портретите на принцот Вилијам и на Хари.