Новите проѕирни чизмички на Лубутан најбарани на пазарот
САД- Чизмичките од новата колекција на славниот дизајнер на чевли Кристијан Лубутан само што се пуштени во продажба а веќе се најбарани од трендсетерките. Станува збор за модел кој имитира наполнета хартија во чевлите, а кожниот дел е прекриен со проѕирен дел. Високи се над 10 см, и чинат над 1000 евра. Чантите од истата колекција се нешто поскапи.
Новите чевли од истата колекција „Лубикрафт“ меѓу првите од славните личности ги носеше манекенката Џиџи Хадид.