Новинарите нема да плаќаат по 50 евра за влез на ЕУ самит
Белгиските власти најавија откажување од планот на новинарите при поднесување барање за следење ЕУ самит во Брисел да им се наплаќаат трошоци за проверка од 50 евра.
– Тоа е навистина добра вест бидејќи новинарите во Брисел кои сакаат да присуствуваат на претстојните европски самити во октомври и декември нема да мора да плаќаат надомест од 50 евра, изјави Том Веингартнер, претседател на Меѓународното здружените на медиуми (ИПА).
Откажувањето од првобитниот план за наплата на такса за безбедносни процедури ќе бара и измена на белгиски закон усвоен во февруари 2018 година. ЕС ги извести ИПА дека постгоечките 6-месечни акредитации за самити на ЕУ во Брисел во 2019 година ќе бидат заменети со годишни акредитации по една безбедносна проверка за која нема да се плаќа надомест.