Нова свадба во кралското семејство: Се мажи принцезата Евгенија, ќерката на принц Ендрју и Сара Фергусон


Англија- Уште една свадба во кралското семејство. Се мажи принцезата Евгенија (28), ќерката на принцот Ендрју, (братотот на принц Чарлс) и на Сара Фергусон, војвотката од Јорк. Избраникот е свршеникот е Џек Брусбенк (32), поранешен менаџер на ноќен клуб. Свадбата е закажана за 12 октомври. Свадбената церемонија ќе се одржи во капелата Сен Џорџ во замокот Виндзор, каде претходно се венчаа принцот Хари и Меган Маркл.

Свршеничкиот прстен на принцезата Евгенија е со розев сафир сличен како што во 1986 година носеше мајка и Сара Фергусон.

Џек ја побарал Евгенија за жена во јануари за време на патувањето во Никарагва. Двојката е седум години во врска.

Се очекува на свадбата принцезата Евгенија од Јорк да ја носи тијарата Јорк што ја носеше на свадбата и нејзината мајка војвотката од Јорк.

Свадбата ќе има јавен карактер и се поканети 1200 гости.

Принцот Ендрју и Сара Фергусон се разведоа во 1996 година. Евгенија која е деветта во редот за наследство на кралската круна има и сестра Беатрис, шеста во редот за наследство.