Новата колекција на Зухаир Мурад
Либанскиот дизајнер ја претстави колекцијата „Aquatic Serenade“ за сезоната пролет/лето 2019 со ревија во рамките на Париската недела на високата мода.
Убавината на подводниот свет и океанската шир го поттикнаа Мурад да создаде креации инспирирани од немирна вода, егзотични риби и извонредни корали.
„Оваа сезона проникнете во богатиот океански свет и откријте го спојот на нијанси, текстури и движења“ – порачуваат од ателјето на Мурад.