Нимиц на 31 јануари доаѓа во Скопје


Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц на 31 јануари ќе допатува во Македонија, а средбите со државниот врв, јавува МИА, ќе ги има веќе следниот ден, на 1 февруари. Агендата за неговата посета, се уште, е во фаза на услогласување.

Македонската Влада денеска потврди дека следната недела Нимиц ќе дојде во Македонија и дека во моментов тече координацијата помеѓу двете влади околу ова прашање.

На последната рудна разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.

Во меѓувреме, Владата ги почна консултациите и анализата на предложената рамка на Нимиц. По денешната прва директна средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Давос, најавена е координација на македонскиот државен и политички врв во сабота во Клубот на пратениците во Скопје.