Нимиц наредната недела доаѓа во Скопје


Медијаторот на ОН во спорот за името Метју Нимиц наредната недела ќе ја посети Македонија. Точниот датум се уште не е утврден и во моментов тече координација помеѓу владите на Република Македонија  и на Република Грција околу тоа, изјавија од Владата за МИА.

На последната рудна разговори за името што се одржа на 17 јануари во Њујорк медијаторот Нимиц излезе со сет сугестии и предлози и оцени дека на повидок е решение на долгогодишниот спор меѓу Грција и Македонија.

Во меѓувреме, Владата ги почна консултациите и анализата на предложената рамка на Нимиц. По денешната прва директна средба на премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во Давос, најавена е координација на македонскиот државен и политички врв во сабота во Клубот на пратениците во Скопје.