Нивес Целзиус во боите на Хрватска: Ние сме светски прваци


Хрватската старлета и пејачка, Нивес Целзиус одново е во центарот на вниманието. По пласманот во финалето на СП во Русија ги поздрави сите оние кои сомневаа во нејзината репрезентација. Овој пат таа сподели фотографија во која е облечена во црвена наметка.

„Во следните часови им го испраќам „најбрзиот“ прст на сите оние кои ми пратија порака дека треба да се задоволиме со четвртото место. Ние сме светски прваци“, пиша „жешката“ Нивес.

Нивес за време на првенството снимаше жешка фотосесија за германски „Билд“ . Таа е  екссопруга на фудбалерот Дино Дрпиќ.