Нејмар очекува да биде целосно подготвен за СП во Русија


Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар во телевизиското интервју изјави дека очекува да биде целосно опоравен од повредата, која ја доби во средината на мај.
Бразилецот доби повреда на ногата во натпревар на Париз Сен Жермен против Марсеј на 25-ти февруари во Лига 1.
Во почетокот на март претрпе операција во татковината.
– По околу еден месец ќе бидам подготвен за игра. Напредувам со рехабилитацијата и засега се е во ред, изјави Нејмар за телевизијата „Глобо“, а кадрите покажаа дека се уште носи заштитна чизма на ногата.
Веста е добра за бразилскиот национален тренер, Тите, кој ќе може да се потпре на Нејмар за натпреварите од СП 2018 во Русија. Завршницата на Мундијалот започнува на 14-ти јуни.
Бразил ќе стартува против Швајцарија на 17-ти јуни, а на 3-ти и 10-ти јуни ќе игра против Хрватска и Австрија.