Несовесен битолчанец предизвика пожар во Офицерскиот дом


Пред нецел час пожарникарска екипа успеала да го изгаси пожарот во Офицерскиот дом во Битола кој се претпоставува дека го предизвикал несовесен граѓанин. Очевидци од околните кафулиња, кои и ја повикале Противпожарната бригада, сведочат дека непознато лице вечерва запалило оган во внатрешноста на објектот, откако претходно влегло низ некој од скршените прозорци и запалил оган да се стопли.

На терен интервенирале двајца пожарникари, а пожарот бил од мал карактер.

Офицерскиот дом со години е ругло среде градот под Пелистер. Тој е еден од најубавите архитектонски дела на Широк Сокак. Општина Битола неодамна најави дека во тековниот буџет се издвоени пари за негова реставрација, а се очекува и помош од Министерството за култура.