Непроменети цените на угостителските услуги


Цените на угостителските услуги во ноември во споредба со октомври годинава останале на исто ниво, а споредено со ноември лани се зголемени за три проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември годинава во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 2,2 процента, додека во однос на декември лани е зголемен за 1,8 проценти.